25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ќе го зголеми буџетот со платено откажување од војска

Турција ќе го зголеми буџетот со платено откажување од војска

Турција планира да воведе постојана мерка која ќе им овозможува на мажите да се откажат од својата задолжителна воена служба со плаќање. Досега програмата беше привремена, но со промената, властите се надеваат дека ќе го зајакнат буџетот на земјата, објави „Bloomberg“.

Возрасните мажи во земјата се должни да служат меѓу шест и дванаесет месеци во армијата, но имаат право да платат одреден надомест за да го скратат овој период на еден месец.

Новата промена во правилата во армијата беше објавена од претседателот Реџеп Ердоган за време на говорот во провинцијата Баликешир во неделата.

Турските власти дозволија т.н. „платена“ воена служба само четири пати во текот на последните 20 години. Првиот беше после катастрофалниот земјотрес во 1999-та година во регионот Мармара, а другите периоди беа во 2011-та, 2014-та и 2018-та година.

Во декември минатата година министерот за одбрана Хулуси Акар изјави дека турската држава има собрано вкупно 9,5 милијарди турски лири (1,8 милијарди долари) во 2018-та година од страна на таксите од над 635.000 лица, соопшти агенцијата „Анадолија“.

Според претседателот, програмата ќе биде ограничена во бројот на учесници, па максималната бројка е од 145.000 мажи годишно, во зависност од потребите на армијата. Сумата од минатата година беше 15.000 лири, но за оваа година сумата која ќе треба да се плати треба допрва да се одреди.

Во моментов едни од основните обврски на турската армија се поврзани со тековниот конфликт со Курдите во земјата и странство, како и учеството на Анкара во конфликтот во соседна Сирија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП