12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНово подобрување на германската економија

Ново подобрување на германската економија

germany3

Германската бизнис клима во јуни малку се подобри, втор месец по ред, поттикната со подобрувањето на извозните очекувања, пренесува агенцијата Франс Прес.

Тоа е уште еден знак дека најголемата европска економија полека се опоравува по падот на крајот на 2012 година и пригушениот почеток на 2013 година.

Институтот од Минхен „IFO“ во понеделникот објави дека неговиот индекс за бизнис климата, кој се темели на анкетата спроведена во околу 7.000 компании, во јуни пораснал на 105,9 поени, од 105,7 поени кои беа забележани во мај.

Иако германската економија го поттикна растот во еврозоната во почетната фаза на должничката криза, минатата година таа забави, а на почетокот на оваа година таа ја избегна рецесијата благодарение на зголемената потрошувачка на домаќинствата.

Економистот од „IFO“ Клаус Волрабе очекува дека во вториот квартал економскиот раст ќе биде значително повисок од првиот квартал од 2013 година. Особено силна поддршка дава автомобилската индустрија, оценува тој.

Иако владата очекува надворешната трговија, која е рбетот на економијата, оваа година да го ослаби растот. Истражувањето на „IFO“ покажа дека извозните очекувања се зголемени, сугерирајќи дека испораките во странство можат да му помогнат на растот на Германија во втората половина од годината.

Компаниите беа повеќе песимистични во однос на тековните операции, но повеќе оптимистични во поглед на деловните изгледи, со раст на соодветниот „IFO“ индекс на 102,5 поени, од 101,6 поени кои беа забележани во мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП