26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеплатениот студентски долг во САД веќе надминува 166 милијарди долари

Неплатениот студентски долг во САД веќе надминува 166 милијарди долари

Вредноста на заостанатите студентски кредити во САД не престанува да расте и веќе се проценуваат на 166.4 милијарди долари, пишува „Bloomberg“. Бројката е од извештајот на Федералните резерви на Њујорк за обврските на домаќинствата, а таа се одразува само неплатените над 90 дена и отпишаните.

Уделот на лошите студентски кредити кон вкупниот удел на доделените кредити за образование останува околу 11%.

Вкупно доделените студентски кредити до декември 2018-та година се проценуваат на рекордни 1.46 илјади милиајрди долари. Доспеаните обврски се исто така се на ниво кое не е забележано во историјата.

Вредноста на заостанатите долгови не престанува да се зголемува, иако невработеноста во САД е на рекордно ниско ниво – под 4%. Ова значи дека студентите треба да можат да ги отплатат своите заеми. Според експертите, сепак нивото на приходите во земјата не е доволно висок, за да можат младите да ги плаќаат своите обврски, акумулирани во текот на образованието.

Според Ира Џерси, аналитичар во „Bloomberg Intelligence“, нивото на приходи на дипломците не се доволно високи за целокупното плаќање на долгот. „Ако имате избор да го плаќате студентскиот кредит или да ги потрошите тие пари за храна или живеалиште, што би избрале?“, прашува реторички таа.

Порастот на заостанатите кредити има поголеми последици, кои се надвор од приватниот карактер на проблемот. Причината е дека овој тип кредити се гарантирани од државата и таа треба да ја покрие нивната исплата кон банките. „Зголемениот износ на заостанатите кредити нема да и наштети на економијата, како што тоа се случи со хипотекарните кредити во 2007-ма година, но нивно постепено зголемување значи повисоки федерални дефицити“, вели Ира Џерси.

Вкупната сума на заостанатите исплати е околу два пати поголема од сумата обезбедена од Министерството за финансии на САД за спасување на автомобилската индустрија во текот на последната рецесија, пресметува „Bloomberg“.

Се смета дека кредитите со долгови од најмалку 90 дена се „сериозно заостанати“. Возрасната група што минува во оваа категорија со брзо темпо, е меѓу 40 и 49 години. Ова делумно се должи на позајмувањето на пари од страна на родителите за плаќање на трошоците за образување на нивните деца.

Цената на високото образование се удвои во текот на последните 20 години, а Федералните резерви на Сент Луис неодамна објави пост во кој прашува: „Дали се уште вреди Колеџот?“. Одговорот не беше дефинитивно „да“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП