20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМажите велат НЕ на кратките здолништа бидејќи ја попречуваат работата

Мажите велат НЕ на кратките здолништа бидејќи ја попречуваат работата

work

Мажите мислат дека на жешките панталнони со принт на леопард, длабокото деколте и кратките здолништата, не им е местото на работа, бидејќи се несоодветни за на работно место и демотивираат во работата.

Речиси една третина од мажите сакаат на своите колешки да им забранат носење на провокативна гардероба, која ја отежнува концентрацијата на работа, открива една британска студија на организацијата Срце.

Од нив, 32 проценти би забраниле носење на жешки панталони, 30 проценти се залагаат за забрана на гардероба со леопард принт, додека 24 проценти од членовите на посилниот пол мислат дека на мини здолништата не им е местото во канцелариите.

Исто мислење делат и 52 проценти од жените, а дури 62 проценти од нив би го забраниле и носењето на кратки панталони на работа. На мажите, освен мини здолништа и жешки панталони, многу им пречат и проѕирните маички, длабоките деколтеа и маичките со пораки. Од нив скоро 23 проценти не би сакале жените да носат ниту хеланки, потврди истражувањето. Таквиот начин на облекување го сметаат за демотивирачки и несоодветен за работната околина, извести Daily Mail.

Жените сакаат да се разубавуваат за на работа, па третина од нив бираат црвена боја на облека која им дава доза самоувереност, а некои носат подлабоко деколте од вообичаеното. Но, мажите таквите подвизи ги сметаат за претерани.

Сепак 29 проценти од припадничките на понежниот пол, изјавиле дека сакаат да бидат похрабри, почесто носејќи црвено, а 48 проценти од нив изјавиле дека црвениот фустан е најсекси парче облека кое може да се носи на работа.

Облеката и боите кои ги носиме имаат големо влијание на нашата емоционална состојба, но и на тоа каков впечаток оставаме за нас. Црвената, дефинитивно е боја која се поврзува со самодоверба и моќ, а жените ја бираат со цел да се истакнат на работното место, изјави психологот д-р Гејл Бруер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП