20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто треба да сторите да не „пукнете на работа“?

Што треба да сторите да не „пукнете на работа“?

Често на работното место се случува шефот толку да ве извади од такт да не можете да се воздржите и во тој момент да посакате да се исплачете, да вриштите и да си ја искорнете косата од главата. Меѓутоа, мора да научите да се воздржувате, а како прочитајте ги во продолжение советите кои би ви помогнале.

– Доколку ви се случи да се зацрвените на некој важен состанок или додека разговарате со шефот и другите колеги, можете да бидете сигурни дека тие ќе забележат колку сте нервозни. Во тој случај напијте се малку вода и фокусирајте се на тоа што сакате да го кажете или направите. На тој начин многу ќе се смирите.

– Доколку се потите кога сте под стрес носете секогаш лесна и удобна облека со цел тоа да не се забележи. Нормално, рацете повремено избришете ги со влажни марамчиња, но никој да не ве забележи. Дополнително може да помогне тоа што во себе ќе си повторувате дека вашиот план ќе успее и дека се ке биде во ред.

– Ако некој ве критикува, а вие во тој момент сакате само да заплачете, најдобро е да се сетите на некоја смешна ситуација со цел да не пуштите некоја солза. Најдобро е работите поврзани со бизнисот, како критиките упатени кон вас, да не ги сфаќате лично и приватно, туку исклучиво професионално. Сфатете дека оној кој ви приговара и ве критикува не ви мисли ништо лошо лично на вас туку така постапува исклучиво поради работата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП