17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPepsiCo предвидува изненадувачки пад на профитот во 2019-та

PepsiCo предвидува изненадувачки пад на профитот во 2019-та

Американскиот производител на пијалоци „PepsiCo“ објави изненадувачка прогноза за пад на добивката за 2019-та година, бидејќи компанијата ги зголемува своите инвестиции во сферата на маркетингот и развојот на нови производи, во обид да го поврати удел на пазарот од конкурентот „Coca-Cola“, соопштува „Ројтерс“.

„PepsiCo“ одвои средства за јакнење на рекламните кампањи за своите основни безалкохолни производи – „Pepsi“, „Diet Pepsi“ и „Mountain Dew“, а исто така инвестира сериозно во бизнисот со кондиторски производи, за да им понуди на своите клиенти нови поздрави производи и атрактивни пакети.

„Инвестициите во реклами и иновации доведуваат до силен раст за основните производи“, изјави главниот финансиски директор на компанијата Хју Џонсон.

„Тоа нè тера да сакаме да инвестираме повеќе пари во бизнисот во 2019-та година и затоа нашето раководство се насочи во оваа насока“, додава тој.

Од „Pepsi“ изјавија дека очекуваат приспособениот профит за акција за оваа година да се намали за 3% до 5,50 долари за акција, додека аналитичарите прогнозираа раст од 3,5% до 5,86 долари во готово, според податоците на „Refinitiv“.

Компанијата предвидува раст од 4% кај оперативните приходи преку отстранување на ефектот на девизните курсеви и трошоците за купувања.

Акциите на „PepsiCo“ забележаа зголемување од 1% во предсезонските часови.

Во периодот октомври-декември 2018-та година, или првиот квартал на новиот извршен директор на компанијата Рамон Лагуарта, продажбата во Северна Америка се зголемени за втор по ред квартал, искористувајќи ја побарувачката на газираните пијалоци.

Во четвртиот квартал оперативната добивка на „Pepsi“ се намалува за 12% на годишна основа, а компанијата најави 3-процентно зголемување на годишната дивиденда до 3,82 долари за акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП