26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Stratos базиран на Ferrari ќе чини 500.000 евра (фото+видео)

Новиот Stratos базиран на Ferrari ќе чини 500.000 евра (фото+видео)

По минатогодишниот прототип, компанијата „Manifattura Automobili Torino“ (MAT) на саемот во Женева ќе ја претстави продукциската верзија на новата инкарнација на легендарниот „Lancia Stratos“.

На купувачите ќе им биде понудена ограничена серија од само 25 примерци од автомобилот, кој е духовен наследник на легендарниот модел „Lancia Stratos“ од 70-тите.

Новиот модел нема да ја има ознаката на „Lancia“, затоа што овој италијански бренд уште претхдно се откажа од реализација на ова возило, но затоа под каросеријата која ќе потсетува на оргиналниот автомобил се наоѓа агрегатот на „Ferrari 430 Scuderia“, додека моќта ќе се пренесува на тркалата со помош на мануелен менувач.

Станува збор за 4.3-литарски „V8“ со 540 ks и 520 Nm. Возилото од 0 дo 100 km/h забрзува за само 3,3 секунди, дo 200 km/h стигнува за 9,7 секунди, a максималната брзина изнесува 330 km/h.

При брзина од 100 km/h за да запре му се потребни 2,2 секунди.

На претстојниот женевски авто-саем „MAT“ ќе изложи два примероци од продукциската верзија на новиот „Stratos“. Едниот е веќе продаден на купувач од Германија, а другиот заминува во САД.

Според компанијата во план е серија од само 25 автомобили кои ќе се продаваат по цена од 500.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП