26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија е загрижена за пазарната капитализација на банките

Германија е загрижена за пазарната капитализација на банките

Германскиот заменик-министер за финансии Јорг Кукис покажува загриженост поради релативно ниските берзански стапки на германските банки. Иако по финансиската криза „беше направено многу“, за да се спречи такво нешто повторно, запрашан од „Süddeutsche Zeitung“ што уште треба да се направи, тој вели: „Германските финансиски институции моментално се оценети релативно ниско на финансискиот пазар, но има и навистина големи банки по пазарна вредност од Кина, САД или Франција“.

Пазарната капитализација на „Deutsche Bank“ изнесува малку над 15 милијарди евра, а „Commerzbank“ е проценета на околу 8 милијарди евра. На прашањето дали гледа опасност „Deutsche Bank“ или „Commerzbank“ да бидат преземени од поголеми конкуренти, Кукис, кој е поранешен банкар на „Goldman-Sachs“, рече: „Во финансискиот свет такви одлуки се донесуваат од страна на акционерите и директорите на компаниите, државата ја одредува само рамката“.

Од летото Кукис, кој претходно беше раководител за Германија на американската банка „Goldman Sachs“, и министерот за финансии Олаф Шолц се залагаат за тоа најголемата европска економија да има посилни банки. Ова, исто така, ги зголеми шпекулациите дека политичарите вршат притисок за спојување помеѓу „Deutsche Bank“ и „Commerzbank“.

Федералната влада била отворена за „економски значајни можности“, појаснува заменик-министерот. Германската држава е и најголем акционер во „Commerzbank“ со речиси 15% удел. Кукис потврди дека разговарал минатата година 23 пати со претставници на „Deutsche Bank“, „Но, јас нема да ви кажам повеќе, жал ми е“, објаснува тој.

„Deutsche Bank“ се врати во профит во 2018-та година по три последователни години на загуба. Консолидираната добивка изнесуваше 341 милион евра по нето-загуба од 735 милиони евра во претходната година. Сепак, цената на акциите се намали за една третина откако Кристијан Зеинг ја презеде функцијата извршен директор.

„Commerzbank“ дури ја зголеми нето добивка за 2018-та година седумкратно до 865 милиони евра – повеќе од два пати над онаа на „Deutsche Bank“. Во претходната година трошоците за отстранување на илјадници работни места ја обременија „Commerzbank“ (Coba). Акциите изгубиле околу половина од нивната вредност во изминатите дванаесет месеци. На крајот на септември 2018-та година акциите на „Coba“ излегоа од германскиот индекс „Dax“ и слегоа во „Mdax“ за сметка на финтех компанијата „Wirecard“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП