5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајк го блокираше јавниот транспорт во Берлин

Штрајк го блокираше јавниот транспорт во Берлин

Осумчасовниот предупредувачки штрајк парализираше поголем дел од јавниот транспорт во Берлин. Автобусите и метроата беа затворени во депоата и метро станиците.

Стотици илјади патници се качија на регионални возови, автомобили и велосипеди, или мораа да пешачат. И покрај застојот до хаос не дојде. Исто така, аеродромот „Tegel“ не беше достапен со автобус, а овој аеродром нема железничка врска.

Подоцна почнаа да работат автобусите, трамваите и метрото.

Во рамките на спорот за колективно преговарање во транспортниот оператор „Berliner Verkehrsbetriebe“ (BVG), синдикатот „Verdi“ сака да договори повеќе пари и слободно време за приближно 14.500 вработени на „BVG“ и подружницата „Berlin Transport“. Општинското здружението на работодавачи го нарекува ова барање како невозможно. Но, вработените беа на претпоследно место во Германија според плаќања, рече водачот на преговарачкиот тим на „Verdi“, Џереми Арнд.

Потребни се и божиќни бонуси за новодојдените, намалувањето на пониските плати и побрзи зголемувања на платите, а за членови на синдикатите еднократна сума од 500 евра. На 5-ти март се очекува преговорите да продолжат повторно.

Можни се дополнителни шрајкови. При следната рунда на колективното договарање на масата треба да има подобра понуда од работодавците, вели Арнд за време на штрајкот пред седиштето на „BVG“. „Во спротивно, треба да ги преземеме следните чекори“, додава тој.

„BVG“ е најголемата транспортна компанија во Германија. Со 2,9 милиони корисници, ова е столбот на јавниот транспорт во Берлин. За споредба, градската железничка мрежа брои 1,4 милиони патници дневно (S-Bahn). Таа му припаѓа на „Deutsche Bahn“ и не е засегната од колективното договарање во „BVG“.

Ова беше првиот голем штрајк во компанијата од пред седум години. Пред неа имаше критики дека „Verdi“ го почна штрајкот дури по вториот круг од преговорите и дека вработените ќе штрајкуваат за повеќе од осум часа.

„Ние не правиме штрајкови против патниците, а туку за вработените“, рече директорот на одделот на „Verdi“, Сузане Шумпенхузен. Само со повисоки плати „BVG“ можела да го најде потребниот персонал и да ги задржи најдобрите кадри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП