7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba сака да купи дел од кинескиот бизнис на Metro?

Alibaba сака да купи дел од кинескиот бизнис на Metro?

Кинескиот гигант во електронската трговија „Alibaba Group Holding“ води преговори со германската компанија „Metro“ за купување на удел во кинеските операции на германскиот трговец на мало, велат тројца извори запознаени со прашањето.

Од компаниите „Metro“ и „Alibaba“ одбија да коментираат во врска со оваа тема.

Преговорите се во рана фаза и можеби не се успешни, коментираа изворите.

Интересот на „Alibaba“ се појави откако минатата година, конкурентот „Tencent“ направи партнерски договор со француски „Carrefour“.

„Metro“ има 95 продавници во Кина и недвижности во големи центри, како Пекинг и Шангај, додаде еден од изворите.

Главниот извршен директор на „Metro“, ​​Олаф Кох, претходно изјави дека германската компанија ги разгледува потенцијалните партнерства со локалните играчи во Кина.

„Metro“ и „Alibaba“ веќе соработуваат во онлајн-маркетингот во азиската земја.

„Ние растеме доследно и заработуваме таму“, коментираше Кох, кога „Metro“ ги претстави финансиските резултати за првиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП