4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGoldman Sachs: Има 50% шанси да се ратификува договорот за Brexit

Goldman Sachs: Има 50% шанси да се ратификува договорот за Brexit

Американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ изјави дека има 50% веројатност британскиот премиер Тереза ​​Меј да успее да го ратификува договорот за излез на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), додавајќи дека по потреба пратениците ќе ја блокираат варијантата за „Brexit“ без договор, соопштува „Ројтерс“.

Според банката, постои 15% шанса за напуштање на блокот без договор и 35% веројатност да останат во ЕУ.

„Во Долниот дом постои мнозинство кое сака да избегне „hard Brexit“, но се уште нема доволно луѓе таму, подготвени да го поддржат вториот референдум“, изјавија од „Goldman Sachs“ во соопштението до своите клиенти.

„Британскиот премиер ќе се обидува уште многу пати да го одложи финалното парламентарно гласање за одобрување на договорот за „Brexit“, а засилувањето на секундарните ризици ќе продолжи да игра улога во поттикнувањето на евентуална ратификација на договорот“, се наведува во соопштението.

Во позадина на оваа прогноза во четвртокот вечерта Долниот дом гласаше со 303 гласа „против“ наспроти 258 гласа „за“ предлогот што го поддржува пристапот на Меј за решавање на ќор-сокакот околу „Brexit“ преку препишување на постигнатиот договор со ЕУ.

Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, го повика премиерот – кој не учествуваше во дебатата – да „признае дека нејзината стратегија за „Brexit“ не успеа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП