21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро и кај нас 4G мрежа

Наскоро и кај нас 4G мрежа

aek1

Сите три мобилни оператори кои работат во Македонија доставија понуди  за добивање одобрение за воведување нови услуги од четвртата генерација на мобилни комуникациски со почетна вредност од 10 милиони евра за секое од одобренијата, соопшти Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Јавното наддавање за доделување на три одобренија за користење на радиофреквенции кои според тендерската документација може да се користат за обезбедување на мобилни електронски комуникациски услуги од четвртата генерација, ќе се изврши на 10-ти идниот мецес во 12 часот.

– Услугите од четвртата генерација ќе им овозможат користење на мобилен широкопојасен интернет на корисниците во Македонија со висок квалитет, брзина и доверливост, по достапни цени, на пазар со развиена конкуренција, посочуваат од АЕК. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП