26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед на автобусите

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед на автобусите

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед на возилата. Компанијата ги праќала автобусите во Авто – мото здружение Гостивар кое е во сопственост на истите газди, потврдија од МВР.

Од Државниот инспекторат за транспорт велат дека компанијата уредно поседувала 4 лиценци за превоз, 2 за внатрешен и 2 за надворешен транспорт. Овие лиценци имаат рок на траење од 5 години, а техничките прегледи се вршеле два пати годишно.

„Дурмо Турс“ има широка лепеза на бизниси – туристичка агенција, транспорт,  авто школа, станица за технички преглед.

„Дурмо турс“: возачот изгубил контрола, автобусот бил исправен

Основното јавно обвинителство Скопје кое ја води истрагата за оваа несреќа нареди со вештачење да се провери техничката исправност на автобусот.

Уште вечерта, веднаш по несреќата дежурен јавен обвинител нареди да се провери крвта  и урината на возачот, а кај 49 годишникот резултатите беа негативни, немало ниту алкохол, ниту лекарства.

Сопственикот на компанијата за ТВ 24, пак, изјави дека автобусот бил исправен, дека по несреќата се чул со шоферот кој наводно му кажал дека изгубил контрола над самиот себе додека управувал со автобусот.

„Одговорно лице во стапи во контакт со возачот по несреќата. Тој кажал дека бил свесен и дека изгубил контрола, во повторно прашање дали изгубил контрола над автобусот, или над самиот себе, одговорот бил дека над самиот себе. Веројатно заради здравствени причини. Автобусот се движел околу 200 метри, нема ни трага на кочење ниту реакција на возачот“ вели Дурмиш Белули, сопственик на „Дурмо турс“.

14 загинати во трагичната несреќа

Во несреќата која се случи завчера загинаа 14 луѓе, над 30 се повредени од кои десетина потешко.

Автобусот, од засега неутврдени причини, скршнал од автопатот кон лево по што ја пробил заштитната ограда, преминал на спротивната страна и ја пробил и другата банкина па се превртел, паднал долу на стариот пат каде уште еднаш се превртел за на крајот да заврши во ендек во нива на свртен наопаку.

Дефект на друг автобус на „Дурмо турс“

ТВ Алфа, пак, јавува дека денеска друг автобус од „Дурмо турс“ не излегол од Гостивар поради наводен дефект.

Според информациите на очевидци кои ги пренесува телевизијата на автобусот откако тргнал од станицата, на постојката која се наоѓа до Културниот дом во Гостивар, му се блокирале задните тркала, а на асфалтот имало траги од кочење.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП