23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСекој вработен треба да разговара со својот шеф за овие три работи!

Секој вработен треба да разговара со својот шеф за овие три работи!

Разговорите со шефот речиси секогаш се непријатни, па повеќето од вработените се обидуваат да ги избегнат, но понекогаш тие се неопходни за да ги заштитите своите права и да се намали стресот што влијае на вашата продуктивност. Ова се трите нешта за кои секој вработен треба да разговара со својот шеф, и мислиме дека ќе се сложите со нив.

Разговор 1: „Јас сум преоптоварен/а со работа!“

Кога е вистинското време за овој разговор: Кога ќе се почуствувате дека имате премногу работа и многу малку време, и пред да се скршите и почнете да плачете хистерично во канцеларијата.

Разговор 2: „Јас си одам!“

Кога е вистинското време за овој разговор: Откако ќе направите план за иднината и ќе најдете нова работа. Исто така, дури и ако немате работа, потребно е да обезбедите доволно количество на пари на сметката за следните два месеца, додека се снајдете.

Разговор 3: „Сакам повисока плата!“

Кога е вистинското време за овој разговор: После некои значајни достигнувања, кои сте ги направиле за вашата фирма, или после подолго време работа, а бројките на листата за плата не се смениле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП