2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Рено се надеваат на продажба на 360.000 електрични возила

Во Рено се надеваат на продажба на 360.000 електрични возила

elektroreno

Извршниот директор на компанијата Рено, Карлос Таварез објави дека тие имаат во план до крајот на годината да забележат продажба на 360.000 возила на електричен погон.

Во преиодот меѓу октомври 2011-та и декември 2012-та година францускиот автомобилски гигант продаде 18.000 возила на електричен погон, а Таварез тврди дека овој производител ќе остане верен на ваквиот вид на возила, иако се свесни дека големиот број на производители се одлучуваат за хибридните верзии „plug-in“.

И покрај тоа што Таварез ги поддржува хибридните возила, тој смета во овој случај тие непотребно трошат големи количини на пари и дека Рено со сигурност во иднина ќе престави „plug-in“ модели, но само кога тие ќе ги исполнуваат соодветните услови и кога тоа ќе биде профитабилно за компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП