26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦГК: Најтранспарентни институции оние кои трошат најмалку, а најлошо рангирани оние кои...

ЦГК: Најтранспарентни институции оние кои трошат најмалку, а најлошо рангирани оние кои трошат најмногу пари

Центарот за граѓански комуникации направи анализа и ги рангираше министерствата, секретаријатите и Собранието според транспарентностa, отчетностa и интегритетoт во јавните набавки.

Главните наоди на анализата вклучуваат:

» Просечното ниво на исполнување на критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во целиот циклус на јавните набавки кај министерствата, владините секретаријати и Собранието на РМ е 53,6% (од максимално можни 100%) и во однос на лани (51,7%) има само мало подобрување.

» Најдобро рангирани се оние институции што трошат најмалку пари. Шесте највисоко рангирани институции, всушност трошат најмал дел од парите за јавни набавки, односно 15% од вкупните средства што ги потрошиле опфатените институции.

» Спротивно на ова, двете институции со најниска процентуална исполнетост, трошат дури 39% од вкупните средства за јавни набавки. Од нив, најниско рангираната институција – Министерството за образование и наука, има и најголем обем на набавки.

Во зависност од остварените резултати, односно од процентуалната исполнетост на критериумите за споменатите принципи, институциите можат да бидат рангирани во пет групи, и тоа ’оскудно‘ (0-20%), ’минимално‘ (20-40%), ’ограничено‘ (40-60%), ’солидно‘ (60-80%) и ’високо‘ (80-100%) ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки.

Целата анализа со рангирањето по сите параметри, освен во прилог на оваа порака, можете да ја најдете и на следниот линк: http://www.opendata.mk/Home/TekstualniDetails/81?Category=2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП