3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија „за влакно“ избегна рецесија

Германската економија „за влакно“ избегна рецесија

Германската економија е во застој во последниот квартал на минатата година, успевајќи „за влакно“ да избегне рецесија, откако во претходниот период јули-септември се намали за прв пат од 2015-та година па наваму.

Бруто домашниот производ (БДП) на најголемата економија во Европа останува без промена на квартална основа, покажуваат податоците на германската федерална статистичка служба. Ова е исто така под очекувањата на аналитичарите од „Ројтерс“ за минимален раст од 0,1%.

За споредба, во периодот јули-септември намалувањето беше од 0,2%, а по дефиниција една држава е во рецесија по два или повеќе квартали на негативен раст.

Стагнацијата во периодот значи дека земјата заостанува во однос на повеќето земји во еврозоната, каде просечниот раст на БДП-то е 0,2%.

Германската економија се соочи со интензитет од домашната побарувачка во четвртиот квартал. Значителен пораст е забележан кај инвестициите во недвижности и опрема. Трошоците на владата, исто така, пораснаа значително од претходните три месеци, со мало зголемување на приватната потрошувачка, објави „Блумберг“.

Во исто време, увозот и извозот растат со речиси слично темпо, што значи дека нема придонес од нето трговијата.

Германските компании се притиснати од „ладењето“ на глобалната економија и континуираните трговски тензии меѓу САД и Кина во позадина на политиката за „Америка на прво место“ на претседателот Доналд Трамп и ризиците за т.н. „Hard Brexit“.

Во 2018-та година, германската економија го објави најбавниот годишен раст во последните пет години. Предвидувањата се уште потемни за оваа година, со очекувања за зголемување од само 1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП