29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАTрамп ќе го потпише договорот за буџет, но може да прогласи и...

Tрамп ќе го потпише договорот за буџет, но може да прогласи и вонредна состојба

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел изјави дека американскиот претседател Доналд Тамп ќе го потпише договорот за буџет, со цел де се избегне нова блокада на федералната владата, но дека сепак ќе прогласи вонредна состојба за да овозможи финансирање на изградбата на ѕид на границата кон Мексико.

Според Меконел, Трамп ќе го потпише предлог буџетот најдоцна до вечерва.

Во случај на вонредна состојба парите за ѕидот ќе се обезбедат од други извори во федералниот буџет.

– Претседателот ќе го потпише буџетот за финасирање на Владата, но ќе преземе други извршни чекори, вклучувајќи и прогласување вонредна состојба во земјата за да се спречи хуманитарната криза на границата, соопшти портпаролот на Белата куќа, Сара Сандерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП