9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ поттикнува користење на еврото наспроти доларот како валута за трговија со...

ЕУ поттикнува користење на еврото наспроти доларот како валута за трговија со енергија

Европската унија се сложи да состави група со цел да се бори против монополот на американскиот долар во трговијата со нафта, а со тоа да го промовира и еврото како валута на трговија со енергија.

Индустриската група ќе биде составена од извршни органи од европски фирми за нафта и гас, како австриската ОМВ, италијанската Ени, белгиската Флуксис и француската Енги. Според европските медиуми, средбата на овие управители ќе се случи во Европската комисија во Брисел и ќе биде од затворен тип.

„ЕУ е најголемиот увозник на енергија во светот, со годишен увоз кој во просек изнесува 300 милијарди евра, според податоците од последните пет години. Околу 85% од овој износ бил платен во долари“, вели ЕК.

ЕУ има цел да направи промена на пазарот со тоа што учесниците на оваа средба ќе разговараат за тоа како да се фокусираат на алтернативите, односно употребата на евро во замена за долар.

Во декември, ЕК го најави својот план за усвојување на предлогот во врска со меѓународната улога на еврото во секторот за енергија, со што ја промовираше употребата на еврото во овој стратешки сектор.

„Зајакнувањето на меѓународната улога на еврото во полето на енергетската инвестиција и трговија ќе го намали ризикот за дупки во понудите, но и ќе поттикне автономија на европските бизниси. Со тоа ќе придонесеме за сигурноста на енергетската понуда во Унијата“, изјави Мигел Ариас Канете, еврокомесарот за клима и енергетика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП