14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Италија ќе продаде дел од своето злато?

Дали Италија ќе продаде дел од своето злато?

Италијанската влада нема намера да продава дел од златните резерви на земјата за да го пополни својот буџетски дефицит со приходи, пишува „Ројтерс“.

„Ние нема да продадеме грам злато“, изјави Клаудио Борги, претседател на Комисијата за буџет на долниот дом и портпарол на владејачката партија.

Неговата партија изготви предлог за закон со кој на крајот ќе и се дозволи на владата да продава злато од резервите на земјата, но и ова ќе бара уставни промени, што е долг и комплициран процес.

Борги веќе поднесе предлог-закон за да се покаже дека златото на земјата е во сопственост на државата, а не на Централната банка на Италија.

Претпоставката дека Италија може да продаде дел од своите резерви предизвика превирања дури и во Германија.

Германскиот економист Даниел Грос рече дека „според некои финансиски кругови, Италија е на работ на кризата, а златото е единственото можно спасение за да се избегне паѓање во несолвентност“.

Денес, Италија е третиот најголем носител на злато во светот, според податоците на Светскиот совет за злато.

Златните резерви на земјата денес изнесуваат 2.451,8 тони, а повеќе од Италија имаат само САД и Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП