20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗа добра комуникација потребни се овие нешта!

За добра комуникација потребни се овие нешта!

Постојат неколку правила кои се основни за добра комуникација. Треба да ги имате на ум и да ги применувате во секојдневната конверзација со луѓето кои ги среќавате во бизнис и приватни прилики. „Business Insider“ состави листа со деветте основни нешта за добра комуникација.

1. Избегнувајте непотребни детали. Немојте да бегате од темата. Ако се покаже дека нешто не е важно, не губете време за да го поправите истото.

2. Не поставувајте второ прашање пред да добиете одговор на првото. Ако сакате да ги имате сите потребни информации, немојте да губите време за да го поправите ова.

3. Не го прекинувајте соговорникот додека зборува. Освен тоа, обидете се да ја скратите својата приказна и дајте и шанса на другата личност да зборува.

4. Немојте да бидете контрадикторни. На овој начин ја губите вашата уверливост. Обидете се да ги поврзете информациите кои ги наведувате.

5. Немојте да зборувате во еден тон. Најдете време за пауза, поставете прашање и најдете заеднички интерес со личноста со која комуницирате.

6. Немојте секогаш да бидете главниот лик во вашата приказна. Истакнете ги и другите, не бидете себични.

7. Одберете тема која е од заеднички интерес. Немојте да го вртите разговорот во политички теми, а ако баш не можете да најдете заедничка тема, подобро прекинете го разговорот.

8. Слушајте. Освен што ќе покажете основна култура кон соговорникот, нема да пропуштите важни информации.

9. Не претерувајте, не е се „нај нај“. Не е се „најдобро“, „најлошо“ или „најсмешно“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП