3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Љубовта не е евтина, особено на Денот на вљубените

График на денот: Љубовта не е евтина, особено на Денот на вљубените

Иако класичниот хит на Џенифер Лопез – „Love Do not Cost a Thing“ (Љубовта не чини ништо) може да се слушне оваа недела на радио-станици, Американците, а веројатно и Македонците, кои планираат да го прослават Денот на вљубените, сигурно се малку загрижени.

Речиси две децении по излегувањето на песната, љубовта сигурно вреди нешто и на луѓето од другата страна на Океанот им се потребни особено длабоки џебови на 14-ти февруари, пишува „Statista“.

И покрај тоа што Светли Валентин се повеќе ја губи својата популарност во САД, луѓето кои го слават празникот, всушност трошат повеќе пари од било кога.

Националната федерација за продажба на мало прогнозира дека Американците ќе дадат вкупно 20,7 милијарди долари за картички, цвеќиња, чоколади и вечера на свеќи. Ова се рекордни трошоци и се 6% повеќе од 2017-та година.

Пред десет години 63% од Американците се вклучувале во романтични активности на 14-ти февруари, а сега уделот им е намален до 51 отсто. Но луѓето кои сепак го слават Денот на љубовта, ги сваќаат работите посериозно од било кога, ако се суди според нивните трошоци.

Се очекува оваа година Американците да потрошат во просек 162 долари по човек што е значителен пораст во однос на планираните средни трошоци од 103 долари во 2009-та година. Ова го потврдува мислењето дека овие денови љубовта не излегува никако поевтино.

Американците планираат да потрошат 93,24 долари за партнерот, 29,87 долари за другите членови на семејството, 9,78 долари за пријатели, 8,63 долари за соучениците и професорите на децата, 7,78 долари за колегите, 6,94 долари за домашни миленици, а остатокот за други категории.

Како и во претходните години, мажите ќе потрошат значително повеќе од жените. Се очекува претставниците на посилниот пол да потрошат во просек 229,54 долари, што е двојно повеќе од планираните трошоци на дамите од 99,77 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП