19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп потпиша извршна наредба давајќи приоритет на развојот на "AI"

Трамп потпиша извршна наредба давајќи приоритет на развојот на “AI”

Откако претседателот на САД, Доналд Трамп, во голема мера ја избегнуваше темата за вештачката интелигенција во неговиот говор пред нацијата, новата директива може да го обликува настанатиот сектор кој се поклопува со многу области во општеството, од воени до здравство. “Американската “AI”(Artificial Intelligence) Иницијатива на Трамп ги повикува федералните агенции да им дадат приоритет на “AI” во нивното истражување и развој, но не е објавено дали одредени ресурси ќе бидат наменети за овие цели.

Иницијативата, исто така, вклучува дел насочен кон зголемување на напорите за едукација на американските работници користејќи комбинација на програми предводени од Националниот совет за американски работници во врска со “AI” во Министерството. Покрај тоа, иницијативата ја повикува владата да го подобри пристапот до “cloud computing” и размена на податоци за развој на нови AI системи.

Извршната наредба доаѓа поради зголемената загриженост Кина да стане глобална AI суперсила и заканите од загуба на работните места во претстојната ера на автоматизација. Иницијативата, исто така, ги повикува федералните ограноци да воспостават регулаторна рамка за AI во индустриските сектори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП