18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеј: Нема одложување на брегзит, на 29 март ја напуштаме ЕУ

Меј: Нема одложување на брегзит, на 29 март ја напуштаме ЕУ

Британската премиерка, Тереза Меј изјави дека нејзината влада не го сменила ставот и не сака да го одложи датумот за брегзит – 29 март, кога Велика Британија би требала да ја напушти Унијата.

„Позицијата на владата е многу јасна уште со покренувањето на членот 50. Ние имаме временски рок од две години кој завршува на 29 март и работиме на тоа“, изјави Меј, пренесе „Ројтерс“.

Шефот на британскиот преговарачки тим за брегзит, Оли Робинс изјави претдходно денеска дека британските пратеници ќе се соочат со изборот помеѓу договорот кој го договори Меј или со продолжување на периодот за спроведување на членот 50.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП