13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелгија парализирана од генерален штрајк: откажани сите летови, блокиран јавниот транспорт и...

Белгија парализирана од генерален штрајк: откажани сите летови, блокиран јавниот транспорт и патиштата

Генералниот штрајк поради платите и условите за работа ја стави Белгија на пауза, што доведе до тотален хаос на аеродромите, на патиштата и во воздушниот сообраќај, пренесува РТ.

Иако „Браселс ерлајнс” предупреди за генералниот штрајк минатата недела, илјадници патници што не можеле да ги променат плановите се заглавени на аеродромите низ Белгија, а дозволени се само вонредните и воените летови.

Бидејќи контролорите на летање штрајкуваат, дури и летовите што треба да поминат низ белгискиот воздушен простор мораше да се пренасочат и целосно да ја заобиколат земјата.

Штрајкот се совпаѓа со посетата на министрите за одбрана на НАТО за состанокот во Брисел, па дури и официјалните претставници на НАТО не беа изземени од хаосот и беа принудени да слетаат во соседните земји и да го поминат остатокот од патот со автомобил.

Ни патувањето низ Белгија не е ништо полесно. Штрајкот од средата ги вклучува и бриселските работници во јавниот транспорт и националната железница, што резултира со големи доцнења во автобускиот и железничкиот сообраќај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП