28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНа разговорот за работа што би требало да го прашате потенцијалниот работодавец?

На разговорот за работа што би требало да го прашате потенцијалниот работодавец?

Доколку на разговорот за работа работодавецот ве запраша дали имате некое прашање, би делувале незаинтересирано доколку кажете дека се ви е јасно и немате прашање. Но сепак, треба да бидете внимателни и со прашањата…

Бизнис Инсајдер предложува седум прашања кои треба да му ги поставите на работодавецот:

1. Што е тоа што вие најмногу го сакате во оваа компанија? Одговорот ќе ви покаже што е тоа што во оваа компанија најмногу се вреднува, па така ќе дознаете дали со компанијата делите исти вредности.

2. Како е создадена позицијата за која аплицирам? Одговорот ќе ви покаже дали таа позиција е ќорсокак или ви отвора можност за напредок.

3. Можете ли да ми дадете примери како би соработувал/а со надредените? Одговорот ќе ви појасни како се „користат“ вработените и дали ќе имате можност да ги покажете своите можности.

4. Кои се приоритетите на оваа позиција? Ќе дознаете на што треба да се фокусирате.

5. Кои се главните предизвици на оваа позиција? Ќе дознаете со што ќе се соочите.

6. Што правеле претходните вработени за да бидат успешни на оваа позиција? Одговорот ќе ви покаже на кој начин компанијата го мери успехот.

7. Дали нешто не ви е јасно околу моите квалификации? Прашање кое ќе ве претстави како доволно сигурни во себе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП