28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА33,7 милијарди евра се инвестирани во индустриски и логистички имоти во Европа

33,7 милијарди евра се инвестирани во индустриски и логистички имоти во Европа

Волуменот од инвестиции во индустриски и логистички имоти во Европа имаа раст од 9% во второто полугодие на 2018-та година и достигна 18,7 милијарди евра, соопштува консултантската компанија „CBRE“ во својот извештај.

Растот е малку побавен од порастот од 16% во првата половина од минатата година. За целата година инвестициите во индустриски и логистички имоти достигнаа 33,7 милијарди евра, што е речиси два пати повеќе во однос на просечното 10-годишно ниво.

Во четвртиот квартал на 2018-та година најдобро се претставиле Италија, која достигна раст на инвестициите од 87%, Франција (54%), Шпанија (29%) и Норвешка (91%). Белгија, Финска и Данска, исто така, постигнаа силен раст.

Велика Британија останала најголемиот пазар на индустриски и логистички имоти во Европа, иако инвестициите се намалени до 2,7 милијарди евра во 2018-та година.

Приливот на капитал кон секторот на индустриските имоти во Европа достигна 34 милијарди евра во годината до декември 2018-та година, што е пад од 21% во однос на претходната година, но има раст од 10%, ако се исклучи мега договорот за „Logicor“ во 2017-та година.

Инвестициите од Азија се намалија на 2,8 милијарди евра во 2018-та година при исклучување на „Logicor“ наспроти 16 милијарди евра во претходната година. Во исто време инвестициите од Северна Америка се зголемија за 17% до 6,7 милијарди евра, а европските прекугранични инвестиции скокнаа со 29% до 6,7 милијарди евра.

Лондон бил најатрактивниот град во Европа за инвестиции во индустриски и логистички имоти, следен од Стокхолм и Франкфурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП