17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка не објавила извештај во кој се разгледуваат платите на претседателите...

Светска банка не објавила извештај во кој се разгледуваат платите на претседателите на владите во регионот

Во изминатите неколку денови, повеќе медиуми во Косово, како и во земјите од регионот, известија за платите на претседателите на владите од земјите на регинот на Западен Балкан, тврдејќи дека податоците се базирани на неодреден извештај на Светска банка.

Од Светска банка велат дека таков извештај или анализа не е објавена или изработена.

“Светската банка спроведува редовни анализи поврзани со економскиот развој, прогнози и економски политики во регионот на Западен Балкан и тие може да вклучат анализа за просечните плати во земјите од регионот. Но сепак, ниту еден извештај на Светска банка не се фокусира на платите на претседателите на државите или на претседателите на владите”, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП