19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолгот на САД надмина рекордни 22 илјади милијарди долари

Долгот на САД надмина рекордни 22 илјади милијарди долари

Државниот долг на САД надмина 22 илјади милијарди долари што е апсолутен рекорд, објави „АП“, цитирајќи го соопштението од Министерството за финансии.

Според официјалните статистички податоци, долгот на федералната администрација достигна импресивни 22,01 илјади милијарди долари. За споредба, тој изнесуваше 19,95 илјади милијарди долари кога Доналд Трамп ја презеде функцијата претседател на САД во јануари 2017-та година.

Зголемувањето на долгот се забрзува откако републиканците кои доминираа во тогашниот Конгрес во декември 2017-та година ги усвоија намалувањата на даноците од 1,5 илјади милијарди долари што ги побара претседателот. Покрај тоа, минатата година законодавниот дом гласаше за зголемување на трошоците за внатрешните и воените програми. Државниот долг на САД е вкупниот износ на годишниот буџетски дефицит, забележува „АП“.

Буџетската служба во Конгресот предвидува дека буџетскиот дефицит оваа година ќе изнесува 897 милијарди долари – што претставува зголемување од 15,1 отсто од дефицитот од 779 милијарди долари во минатата година. Според службата дефицитот ќе продолжи да расте, а во 2022-ра година ќе почне да надминува 1.000 милијарди долари годишно и нема да падне повторно под овој праг до 2029-та година.

И покрај порастот на американскиот државен долг, многу економисти веруваат дека придружните ризици се незначителни, што укажува на каматните стапки кои остануваат невообичаено ниски во историски услови. Некои буџетски експерти предупредуваат дека се повеќе ќе расте федералениот долг што создава значителни ризици за владата, бидејќи може да ја отежни реакцијата при финансиска кризи преку намалување на даноците или зголемување на трошоците, забележуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП