29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHeineken ги изненади аналитичарите со својот годишен профит

Heineken ги изненади аналитичарите со својот годишен профит

„Heineken“, втората по големина пивара во светот, забележа годишна добивка, која ги надмина очекувањата на аналитичарите. Резултатите беа потпомогнати од најбрзиот раст на продажбата на истоимениот нејзин бренд, пишува „Bloomberg“.

Приспособениот оперативен профит се зголеми за 6,4% до 3,87 милијарди евра (4,4 милијарди долари) во 2018-та година, надминувајќи ја просечната прогноза на аналитичарите за 3,84 милијарди евра. Вкупниот обем на продадено пиво се зголеми за 4,2%, велат од холандската компанија, додека аналитичарите очекуваа 4%.

Растот на продажбата на нискоалкохолни и безалкохолни пива е поврзан со зголемувањето на побарувачката на „Heineken 0.0“, што пак му помогна на основниот бренд да генерира скок од 7,7% на продадените количини.

Компанијата го прошири својот безалкохолен пивски бизнис во 38 земји и планира да додаде повеќе пазари во оваа година.

Клучен двигател во случајот е Бразил, каде што во 2017-та година „Heineken“ стана втората по големина пивара, откако таму го купи бизнисот на „Kirin Holdings“ за околу 2,2 милијарди реали (590 милиони долари).

Јужна Африка, Русија и Велика Британија се меѓу двоцифрените пазари со раст.

Повисоките трошоци се проблем за големите компании за широка потрошувачка кои известуваат за овој квартал, меѓу кои и „Unilever“ и „Carlsberg“. Растот на профитот на „Heineken“ делумно се должи на тоа дека таа управува поефикасно со својот бизнис, додека трошоците за суровини расте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП