5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОколу 3,5 милиони Украинци ќе имаат потреба од хуманитарна помош во 2019-та

Околу 3,5 милиони Украинци ќе имаат потреба од хуманитарна помош во 2019-та

Годинава околу 3,5 милиони граѓани на Украина можат да имаат потреба од хуманитарна помош, посочи помошник генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања и заменик-координатор за итна помош, Урсула Милер, на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина во вторникот.

„Цивилите и понатаму плаќаат највисока цена. Повеќе од 3.300 цивили се убиени, а 9.000 беа повредени од почетокот на конфликтот во 2014 година”, рече таа.

„Во 2019 година, 3,5 милиони луѓе ќе имаат потреба од хуманитарна помош и заштита, од кои многумина се постари лица, жени и деца. За повеќето од нив, влијанието на конфликтот се продлабочи”, продолжи официјалниот претставник на ОН.

Милер, исто така, рече дека само во 2018 година, 89 инциденти влијаеле врз водоводнита и канализациската инфраструктура, а во последните 12 месеци, 12 работници на водоводот биле повредени во непријателски напади и експлозии на мини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП