25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMetro е се поблиску до продажба на хипермаркетите Real

Metro е се поблиску до продажба на хипермаркетите Real

Германскиот синџир „Metro“ соопшти дека очекува наскоро да бидат упатени необврзувачки понуди за нејзиниот синџир хипермаркети „Real“, а обврзувачката понуда треба да пристигне во периодот од шест до осум недели подоцна, соопштува „Ројтерс“.

Главниот извршен директор на „Metro“, Олаф Кох потврди дека компанијата сака да го продаде „Real“ како целина, но додаде дека процесот ќе биде тежок поради регулациите на конкуренцијата.

Кох изјави дека очекува позитивна цена за „Real“ поради нејзиниот имот и бизнисот со „e-commerce“ и додаде дека има неколку заинтересирани страни.

Банкари прогнозираа дека „Metro“ практично треба да му плати на купувачот, за да се ослободи од синџирот. Конкурентните германски синџири може да пројавуваат интерес кон некои продавници, но компании за приватни капитални инвестиции се сметаат за најверојатни кандидати.

„Metro“ веќе се обидуваше да го продаде „Real“ во минатото, но не успеа да најде купувач на синџирот, чија продажба се намали со 7,2% во вториот квартал од минатата година.

Странските играчи го избегнуваат германскиот пазар на намирници, во кој доминираат „Aldi“ и „Lidl“, откако „Walmart“ се повлече од земјата во 2006-та година. Американскиот синџир продавници за продажба на мало ги продаде своите продавници на „Metro“ со загуба од 1 милијарда долари и тие беа ребрендирани под брендот „Real“.

Синџирот хипермаркети, која располага со 282 продавници и има 34.000 вработени се обидуваше во последниве години да се создаде бизнис со Е-трговија, а онлајн нарачките сега сочинуваат 2% од продажбата. Таа, исто така влезе во судир со синдикатите, откако се обиде да воведе пониски плати за новите вработени.

Неговите вкупни продажби се намалија за 3,1% на годишна основа до 7,2 милијарди евра во фискалната 2016-2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП