20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСлободно можете да ги заборавите овие 4 бизнис совети

Слободно можете да ги заборавите овие 4 бизнис совети

Корисно е да ги слушате советите од поискусните колеги или од успешните поединци во секторот кој вас ве интересира.

Меѓутоа, тоа не значи дека секој oд тие совети мора слепо да го следите. Не само затоа што работите постојано се менуваат, туку и затоа што понeкогаш едноставно треба да размислувате надвор од калапот.

Ова се четирите совети кои сигурно сте ги слушнале стотина пати и конечно можете комплетно да ги заборавите.

„Никој не ги сака работниците кои често го менуваат работното место“

Овој совет се темели на претпоставката дека работодавците не вработуваат поединци кои често ги менуваат работните места бидејќи „поединецот штом го направил тоа еднаш, ќе го направи повторно“. Меѓутоа, менувањето на работното место е иднината. Според некои податоци, вработените денес на едно работно место остануваат во просек 4,4 години, а таа бројка има тенденција да се намалува. 91 процент од припадниците на милениумската генерација очекуваат дека на едно место ќе се задржат три години или помалку. Животот е прекраток за да го поминете на работното место кое го мразите.

„Секогаш учествувај на состаноците“

Статистиката покажува дека 9 од 10 вработени сакаат да комуницираат со колегите и надредените на некој друг начин. Зошто? Затоа што состаноците денес се толку чести, што едноставно станаа неефикасни. Нема смисла да зборувате на состанокот само за да кажете нешто – со тоа само им го одземате драгоценото време на сите околу вас.

„Единствено нешто што е важно е платата“

Поради ваквите реченици поединци неретко избираат кариера која воопшто не ги интересира. Според истражувањата, 70 проценти од жителите во САД не чувствуваат мотивација ниту страст кон она што го работат, што економијата ја чини 550 милијарди долари.

„Дојдете први и заминете последни“

Постојат заблуди дека ваквото однесување е клуч за напредување. Нормално дека упорната работа се исплати, но не треба да ги изедначувате оние кои се трудат околу она што го работат и работохолиците. Работохоличарството резултира со здравствени последици и намалена продуктивност. Она што на вас навистина ви е потребно е баланс меѓу приватниот и деловниот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП