22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОПЕК го намали производството за 800.000 барели дневно во јануари

ОПЕК го намали производството за 800.000 барели дневно во јануари

ОПЕК не успеа да ги исполни своите цели за производство на нафта во јануари по уште едно намалување на приносот од 14-те членки на организацијата.

Групата повторно ги намали побарувањата за нафта во 2019-та година. Во меѓувреме, ОПЕК малку ги зголеми прогнозите за снабдување на САД и од други земји надвор од организацијата.

ОПЕК се здружи со 10 земји кои не се членки, вклучувајќи ја и Русија, со цел да го ограничат произвдството на 1,2 милиони барели дневно. Ова има за цел да се спречи нова преголема понуда, која ќе ги намали цените, како што беше во 2014-2016-та година.

Во јануари, ОПЕК отстрани 797.000 барели дневно од пазарот, ограничувајќи го снабдувањето. Групата има за цел да го намали производството за 812.000 барели дневно, во обид да ја повлече преголемата понуда на пазарот.

Вкупното производство на ОПЕК во првиот месец од годината беше нешто над 30,8 милиони барели дневно, во споредба со 31,6 милиони барели дневно во декември.

Најголемото ограничување доаѓа од Саудиска Арабија. Земјата произведувала околу 10,2 милиони барели на ден во јануари, или со 350.000 барели днвено помалку отколку во декември и со 100.000 барели на ден под официјалната нејзина квота согласно договорот за ограничување на производството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП