26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗнамето на НАТО поставено пред Владата

Знамето на НАТО поставено пред Владата

На свечена церемонија денеска пред Владата беше кренато знамето на НАТО. Премиерот Зоран Заев рече дека со влезот во НАТО, почнува нова страница во историјата на Македонија.

„Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето, ја одредува иднината, не само нашата и на нашите поколенија. Тоа не е само симболика, туку реалност. Тоа е нова страница во нашата историја“, рече Заев.

Тој истакна дека Македонија овие денови ја почнува следната комплексна етапа во изградбата на нашата држава според европските стандарди. Заев рече дека веќе никој нема да нè блокира од надвор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП