8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската економија го плаќа данокот на Брегзит

Британската економија го плаќа данокот на Брегзит

Растечката неизвесност околу Брегзит го забави растот на британската економија до најниска стапка од глобалната финансиска криза пред десет години. Националната статистичка служба објави на 11 февруари дека британската економија во последниот квартал од 2018 година забележа раст од само 0,2% наспроти 0,6% во претходните три месеци.

Во декември, падот на економската активност во Обединетото Кралство беше пониско за 0,4% во однос на ноември.

Во текот на цела 2018 година, британската економија забележала раст од 1,4%, што е најниско од 2009 година, кога глобалната финансиска криза ги фрли “на колена” поголемиот дел од светскиот банкарски систем.

Статистичарите не го обвинуваат Брегзит директно, но има многу докази дека неизвесноста во врска со ослободувањето на Велика Британија од ЕУ, во голема мера влијае на економската активност, особено во бизнисот. Компаниите не знаат какви ќе бидат трговските односи на Велика Британија и ЕУ по Брегзит на 29-ти март.

Раководител на статистичката агенција Роб Кент-Смит изјави дека економската криза во последните три месеци на 2018 година беше особено видлива во производството на автомобили и челик, додека растот продолжи во секторот на услуги, кои сочинуваат околу 80% од британската економија.

Британската економија се држеше подобро од очекуваното по референдумот во јуни 2016 година, кога Британците го изгласаа нивниот излез од ЕУ.

Меѓутоа, датумот за Брегзит се приближува, компаниите се се повеќе нервозни.

Во меѓувреме, премиерката Тереза ​​Меј се обидува да го спаси договорот за Брегзит што го постигна со ЕУ кон крајот на 2018 година. Меј се обидува да добие некои отстапки од Брисел, особено за контроверзните одредби кои треба да обезбедат де нема “тврди” граници меѓу земјите-членки на ЕУ.

Неизвесно е дали премиерот ќе може да добие каква било отстапка, а во последниве недели се зголемува стравот дека Велика Британија би можела да ја напушти ЕУ без договор. Тоа ќе биде најлошото сценарио што, според претходните предвидувања на Банката на Англија, ќе значи пад на британската економија за 8% во неколку месеци, а цените на домовите со пад на цените од една третина.

На 7-ми февруари, Банката на Англија соопшти дека економскиот раст на Велика Британија во 2019 година ќе изнесува само 1,2 отсто. Намалувањето на растот ќе биде резултат на неизвесноста од Брегзит и успорениот глобален економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП