3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Банките да ја зајакнат ликвидноста

Кина: Банките да ја зајакнат ликвидноста

kinacentralnabanka1

Централната банка на Кина ги повика банките во таа земја да ја зајакнат својата ликвидност.

Тој потег претставува најнов знак дека Пекинг нема намера да ја олабави монетарната политика, и покрај неодамнешната кредитна криза.

„Во моментов вкупната ликвидност во домашниот банкарски сектор е на прифатливо ниво“, се наведува во соопштението испратено од централната банка до останатите банки во земјата, пренесува агенцијата АФП.

Тоа е првото соопштение на Народна банка на Кина по неодамнешниот рекорден раст на меѓубанкарските трошоци, кои ја поттикнаа загриженоста.

Акциите на кинеските берзи утрово се намали за 5,30 проценти, по соопштението на централната банка.

Пратениците во Кина се воздржани во однос на ликвидноста, поради стрвувањето околу растот на ризичните кредити, кои, се одразуваат на целокупната економија.

Централната банка ги повика кредиторите внимателно да управуваат со ризиците кои и се закануваат на ликвидноста и да го одржат стабилен и скромен растот на кредитирањето, како и да соработуваат со неа со цел да се стабилизира пазарот.

Кинеската економија, клучниот двигател на глобалниот економски раст, минатата година напредуваше за 7,8 проценти, што е нејзиното најбавно темпо во последните 13 години, а во првиот квартал од оваа година таа се зголеми за 7,7 проценти, потфрлувајќи во однос на очекувањата на аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП