Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Македонско-косовските односи се на највисоко можно ниво досега, на повидок се нови заеднички проекти во енергетскиот сектор. Ваков е заклучокот од средбата што денеска ја остварија министерот за економија, Крешник Бектеши, и косовскиот министер за економски развој, Валдрин Лука.
Министерот Бектеши ги претстави актуелните енергетски проекти и можностите за заедничка соработка со косовската страна.
„Во наредниот период актуелен проект за реализација од страна на двете држави е поврзувањето на електроенергетските системи на двете земји со ревитализација на 220 кв далноводи кон Косово. Ова би значело и уште една дополнителна врска со електроенергетските системи на ЕУ бидејќи Косово преку Албанија ќе се поврзе со Италија, што значи зголемување на доверливоста на нашиот електропреносен систем. Исто така, набргу од наша страна ќе се објави меѓународен тендер за доделување премии за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали, што ќе значи преку тендер да се додели правото на производителот на електрична енергија од обновлив извор на енергија да користи премија како дополнителен фиксен износ на цената што ја остварил со продажбата на произведената електрична енергија на пазарот на електрична енергија на големо“, рече Бектеши додавајќи дека ново поле на соработка во наредниот период нуди и гасификацијата бидејќи во согласност со физибилити-студијата за гасификацискиот систем на Република Македонија со идеен проект, покрај постојната интерконекција со Бугарија кај Деве Баир, предвидени се 6 дополнителни потенцијални интерконекции, меѓу кои и спојување со Косово кај Скопје.
Министерот за економски развој, Валдрин Лука, изрази интерес за проектот за гасификација бидејќи со него се отвара можност за развој на оваа мрежа во двете држави напоменувајќи дека корисна би била и размената на искуства во развојот на обновливите извори на енергија, со цел постигнување на целите во рамките на исполнувањето на барањата на енергетската заедница.
„Подготвувањето на заедничките проекти ќе ни овозможи на двете држави заедничко претставување пред странските финансиски институции со цел ангажирање средства за реализација на заедничките проекти“, истакна Лука.
Меѓу темите на разговор на средбата беше и термоелектраната „Осломеј“ и нејзиното евентуално снабдување со висококалориски јаглен од Косово, што допрва треба да биде предмет на истражување, потоа ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“ како потенцијален балансер во електроенергетските системи во регионот, како и инвестициските проекти од двете страни, кои значат и следење на европската енергетска транзиција.
Текот на реализацијата на автопатот Скопје-Блаце, што претставува еден од приоритетите на ЈП за државни патишта, како и подготовката на проектна документација за делниците Тетово-Јажинце и Опаје-Станишиќ, се најдоа меѓу темите на разговор на двете страни, како и можностите за продолжување со проектот за едношалтерскиот систем, а операционализација на дел од споменатите проекти може да донесе и заедничката седница на македонската и на косовската влада планирана кон средината на оваа година.
По завршување на работниот состанок меѓу делегациите од двете земји, министерот Бектеши и министерот Лука го потпишаа и меморандумот за разбирање во енергетскиот сектор помеѓу двете министерства. Двајцата министри се согласија дека меѓусоседските односи меѓу Македонија и Косово се на највисоко можно ниво досега, што треба да се искористи за продлабочување и проширување на соработката во сите области.
Од вчера попладне исчезнат е 35 годишниот Горан Атанасовски од Скопје. Последни информации кои ги има семејството е дека е виден вчера помеѓу 14:00 и…
Рејтинг агенцијата „Fitch“ ја заплаши Британија со пад на нејзиниот кредитен рејтинг во случајот на „hard Brexit“. Излезот од ЕУ без договор може сериозно да…
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари работна средба со претставници на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО). Како што информираат од надлежното министерство, во рамките…
Повисоки плати, поголема заштита за инспекторите со законот за инспекциски надзор, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. „Очекуваме позитивно да влијае врз…
Паладиумот се искачи на ниво над 1.500 долари за унца, достигнувајќи рекордни вредности поради недоволните резерви, соопштува „Bloomberg“. Ова се случува во услови на обидите…
Австрија е заинтересирана за сигурно снабдување со енергија и ќе продолжи со промовирање на рускиот проектот за гасоводот „Северен тек 2“ и покрај негативниот став…
Русија мора да создаде сопствени самостојни делови од интернетот во случај Западот да го блокира пристапот до глобалната мрежа, рече рускиот претседател Владимир Путин, а…
Институтот за развој на електронските комуникации ИНРЕКОМ Скопје изврши компарација и даде краток осврт врз можните идни промени во однос на понудата и цената на…
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи…
Белите ливчиња на кои до вчера грчките гранични полицајци ни ставаа печати за влез во нивната земја,од синоќа на полноќ заминаа во историја. Официјално од…