24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнуваат трговските преговори меѓу САД и Кина со надеж за разврска

Започнуваат трговските преговори меѓу САД и Кина со надеж за разврска

Првите американски преговарачи, предложени за изнаоѓање излез од сегашната ситуација и ставање крај на трговската војна со Кина, започнаа денес во Пекинг. Ова е помалку од три недели пред крајниот рок поставен од американскиот претседател Доналд Трамп за нов дел од санкциите.

Администрацијата на Трамп предупреди дека ако не се постигне договор до 1-ви март, тој ќе ги подигне царините на стоки во вредност од 200 милијарди долари од 10 до 25 проценти.

Американскиот заменик трговски претставник Џефри Герис го напушти хотелот утрово кој е во близина на американската амбасада. Денешните разговори се подготвуваат за официјалните преговори на главниот преговарач Роберт Литхајер и министерот за финансии, Стефан Манучин, на 14-ти и 15-ти февруари.

Герис не даде никакви изјави за медиумите.

„Кинеско-американските консултации направија голем чекор напред“, рече главниот заменик-шеф за Меѓународна економска размена на Кина, Веи Цианго, за кинеските медиуми.

„Иако во следната фаза (од трговските преговори) двете земји ќе бидат подложени на притисок од различни надворешни фактори, јас сум убеден дека Кина и САД, преку дијалог, ќе можат да стигнат до поважни и значајни дејствија по порамнување на разликите“, додаде Цианго.

Следниот состанок на претседателот на САД, Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпин може да се одржи во Мар а Лаго, Флорида, информира порталот „Аксиос“. Според податоците на негов извор Мар а Лаго е најверојатната место за самитот, во кое би можело да се стави крај на трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг. Сепак, местото за состаноци сè уште не е потврдено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП