19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа децата летово бесплатен авионски превоз до Дубаи

За децата летово бесплатен авионски превоз до Дубаи

FLYDUBAI.jpg

Авиопревозникот „FlyDubai“ им овозможува на децата од Македонија до 12-годишна возраст  во следните три месеци бесплатно да летаат до Дубаи.

Семејствата кои ќе купат авионски билет Скопје – Дубаи најдоцна до 31 јули за лет до 10 септември ќе можат со себе да носат деца до 12 години без да платат надоместок.

„Една од нашите цели како компанија е да воспоставиме нови врски меѓу Обединетите Арпаски Емирати и Македонија. Оваа специјална понуда на семејствата ќе им овозможи да ужуваат во уште подостапен одмор во Дубаи на кој ќе можат да се забавуваат во одделите за игра во трговските центри и да се восхитуваат на панорамата на Дубаи. Заштедувајќи на билет за децата, семејствата можат да потрошат повеќе средства во текот на одморот“, вели извршниот директор на компанијата Гаит Ал Гаит.

За време на летот од Скопје до Дубаи патниците можат да изберат повеќе од 1.000 часа постојана забава од современиот систем на „FlyDubai“ во кој има 220 филмови, 160 телевизиски програми, игри и музика.

Компанијата која почна да оперира од Скопје на 22 октомври минатата година, прва понуди директни летови меѓу Обединетите Арапски Емирати и Македонија. За помалку од една година, поради значително зголемениот интерес, наместо постојните два, воведе три лета неделно.

Дубаи се наметна на листата со најпопуларни и најбарни дестинации меѓу македонските граѓани. Почетната цена на повратен билет е 396 евра. Освен со Дубаи, авиопревозникот го поврзува Скопје и со егзотични дестинации како Коломбо, Шри Ланка и Мале, главниот град на Малдивите. Може да се воспостават и конекции кон Австралија и кон други дестинации со само едно попатно запирање во Дубаи.

Нискотарифниот авиопревозник од Обединетите Арапски Емирати функционира според едноставен модел – патниците плаќаат само за услугите што сакаат да ги добијат.

За време на промотивниот период „FlyDubai“ од Скопје лета во понеделник, четврток и во недела. Карти може да се резервираат на интернет страницата www.flydubai.com или на телефонот +389 232 11133.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП