Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,100.48 0.03%    AUMK 2,200.00 -8.26%    GRNT 1,234.36 -0.01%    KMB 7,400.00 0%    MPT 76,900.00 -1.56%    OKTA 4,700.00 0%    PGST 615.00 0%    RMDEN15 99.50 1.02%    TETE 2,392.50 0.17%    TRPS 1,800.00 0%    TTK 1,650.00 -0.38%    

Објавени условите за добивање субвенции за инвертери

Време: 13:39

Датум: февруари 11, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Град Скопје како една од мерките против загадувањето на воздухот набргу ќе распише јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување.

На јавниот повик ќе се прифаќаат фискални сметки за купен инвертер од 1 јануари 2019 година, граѓаните ќе може да аплицираат на јавниот повик од март, а исплатата на средствата ќе се врши по завршувањето на претстојните претседателски избори.

Сите граѓани на Скопје кои имаат фискални сметки за купување инвертер во 2019 година и кои ги исполнуваат посебните услови за учество на јавниот повик од 1.3.2019 година ќе имаат можност да аплицираат за субвенции на инвертери. Субвенционирањето на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на посовремени уреди за затоплување за 2019 година ќе се финансира од буџетот на Град Скопје за 2019 година. Висината на субвенцијата ќе биде во износ од 50 отсто од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

За надоместување на дел од трошоците, барателот треба да ги исполнува следниве критериуми:

I. Право на учество:

Право на субвенционирање дел од средствата за купување инвертери во 2019 година имаат физички лица жители на град Скопје (општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари) и кои ги исполнуваат следниве услови:

– да има живеалиште на подрачјето на град Скопје (општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај Центар, Чаир и Шуто Оризари),

– инвертерот да го купил во 2019 година сè до завршување на јавниот повик, односно исцрпување на средствата од буџетот на Град Скопје за субвенционирање за купување инвертери,

– да нема искористено субвенции од кој било извор во Република Македонија за затоплување на своето домаќинство (станбен објект),

– до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,

– станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,

– да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи,

– да има платено данок на имот за станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, заклучно со 2018 година.

(1) Само едно лице од домаќинство може да поднесе едно барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на еден уред.

II. Услови за учество:

При разгледување на барањата за субвенционирање предвид ќе бидат земени оние во кои подносителот ги исполнил следниве услови:

– доставил пополнет образец за јавниот повик за доделување субвенции за набавка на посовремен уред за затоплување,

– доставил доказ дека е жител на град Скопје, што се докажува со фотокопија на личната карта,

– доставил доказ во оригинал дека е извршено купување во 2019 година и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата,

– доставил фотографија од печката на дрва, јаглен, нафта или мазут што ја користел,

– доставил фотокопија од трансакциска сметка и

– доставил потврда за платен данок на имот за станбениот објект заклучно со 2018 година.

III. Објавување на јавниот повик

Јавниот повик ќе биде објавен на 1.3.2019 година, а ќе трае до 30.11.2019 година, односно до исцрпување на средствата за оваа намена.

Купувачот на уредот за затоплување барањето за надоместување на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје, на адреса булевар Илинден број 82, во архивата на Град Скопје (барака 16), секој работен ден од 8.30 до 15 часот.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот прв дојден, прв услужен.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Европејците годишно трошат четири трилиони евра преку платежни картички

    Европејците годишно трошат четири трилиони евра преку платежни картички

    Расходите на европските платежни картички се зголемиле за една третина од 2014 година, и достигнале 3,9 трилиони евра, бидејќи картичките сè повеќе се користат за…

  • Го срушија сопствениот рекорд: Најголемата земја во Јужна Америка произведе милијарда барели нафта

    Го срушија сопствениот рекорд: Најголемата земја во Јужна Америка произведе милијарда барели нафта

    Минатата година Бразил произвел повеќе од една милијарда барели нафта, со што го сруши рекордот во производство. Дневното просечно производство во оваа земја изнесува 3,1…

  • На новата е-платформа на Централен регистар ќе има и доброволна регистрација за  ДДВ-обврзник

    На новата е-платформа на Централен регистар ќе има и доброволна регистрација за ДДВ-обврзник

    Од годинава, со нова електронска платформа при регистрирање на фирма во Централниот регистар, ќе може да се изврши и доброволна регистрација за ДДВ обврзник. Ова…

  • Од ноќеска на полноќ поевтинуваат горивата

    Од ноќеска на полноќ поевтинуваат горивата

    Малопродажната цена на бензините се намалува за половина денар, додека цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, така одлучи…

  • Македонија со награда на Светскиот Економски Форум во Давос

    Македонија со награда на Светскиот Економски Форум во Давос

    Најголемиот политички и економски настан во светот “Светскиот Економски Форум” во Давос заврши во петокот. На претпоследниот ден се одржа и технолошкиот парк во склопот…

  • Промени во врвот на глобалните пазари на телефони

    Промени во врвот на глобалните пазари на телефони

    Кина, уште пред неколку години, го надмина САД во однос на бројот на продадени телефони годишно, и таа во моментов претставува најголемиот светски пазар. Меѓутоа,…

  • Две земји имаа најдобар почеток на годината

    Две земји имаа најдобар почеток на годината

    Економијата во еврозоната порасна во јануари со исто слабо темпо како и во претходниот месец, одржувајќи постојан слаб прилив на нови нарачки, покажува месечниот извештај…

  • Северна Македонија со најголема корист од косовската такса на српскиот увоз

    Северна Македонија со најголема корист од косовската такса на српскиот увоз

    Увозот на производи од Северна Македонија во Косово во минатата година е зголемен за околу 40 отсто, откако Приштина во ноември 2018 воведе такса од…

  • Вознемирувачки снимки на заболени од коронавирус го обиколија светот(видео)

    Вознемирувачки снимки на заболени од коронавирус го обиколија светот(видео)

    Вознемирувачки снимки на пациенти како се тресат во ходникот на една од болниците во Вухан го обиколија светот. Станува збор за пациент заразен со озлогласениот…

  • Велика Британија ја претстави монетата која го означува излезот од ЕУ

    Велика Британија ја претстави монетата која го означува излезот од ЕУ

    Велика Британија ја претстави новата паричка, монета од 50 пени која означува заминување на Лондон од ЕУ. „Напуштањето на ЕУ претставува пресвртна точка во нашата…