Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Голем одзив на јавниот повик за учество во Европскиот квиз на парите: Финансиската едукација станува предизвик за учениците во земјава

Време: 13:38

Датум: февруари 11, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Одѕивот на јавниот повик за учество во Европскиот квиз на парите укажува дека во текот на следниве месеци учениците од нашава земја повеќе ќе ги прелистуваат страниците на книгите за пари и финансии и дека финансиски ќе се едуцираат.

И покрај тоа што кај нас овој квиз се одржува првпат, интересот е  многу поголем од очекуваниот. На повикот за учество на овој квиз се пријавија 145 одделенија, односно класови, од основните и средните училишта од Република Македонија. Тоа значи дека околу 3.000 деца од целата земја во наредниот период ќе посветат повеќе внимание на едукација од областа на финансиите и економијата, што ќе овозможи подигнување на финансиската писменост кај младата популација, како значаен аспект за изградба на квалитетни кадри во иднина. Организатор на овој квиз во земјава, чија цел е унапредување на финансиска едукација на младите од тринаесетгодишна до петнаесетгодишна возраст, е Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Министерството за образование и наука, Народната банка на Република Македонија и Комисијата за хартии од вредност.

Што се парите, кој ги издава, каде и како се штеди – ова се само дел од прашањата на кои ќе треба да одговорат тинејџерите од нашата земја. Ќе треба да знаат и што е кредит, камата, профит, што се акции, каде и како се купуваат или се продаваат, како да се заштитат од компјутерски измами… многу прашања чии одговори, носителите на иднината на нашава земја – младите, ќе треба  да ги научат и  да ги совладаат во текот на следниве месеци.

Квизот ќе се одвива во две фази – прва се националните првенства во земјите  учеснички, а втора фаза е финалниот натпревар кој се одржува во Брисел. Со цел подобра подготовка, на 22 февруари, во просториите на НБРМ ќе се одржи подготвителна средба и обука за наставниот кадар, односно менторите на учениците вклучени во националното натпреварување.

Натпреварувањето во Македонија ќе започне на 13 март кога во сите класови и одделенија на пријавените училишта ќе се  спроведе првото подготвително тестирање, а  една недела подоцна да се одржи и второто. По овие две тестирања, двајца ученици од секое одделение и клас коишто ќе покажат најдобри резултати на двете тестирања  ќе настапат на  финалниот национален натпревар, кој  ќе се одржи во Скопје на 27 март, за време на Европската недела на парите. По финалниот натпревар ќе бидат познати двајцата победници кои ќе ја претставуваат Република Македонија на Европскиот квиз на парите во Брисел, Белгија на 7 мај годинава. И на националните натпревари и на завршницата во Белгија, тестирањето на учесниците ќе биде спроведено на мајчин јазик.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Исчезнат е 35 годишниот скопјанец Горан Атанасовски

    Исчезнат е 35 годишниот скопјанец Горан Атанасовски

    Од вчера попладне исчезнат е 35 годишниот Горан Атанасовски од Скопје. Последни информации кои ги има семејството е дека е виден вчера помеѓу 14:00 и…

  • Fitch ја заплаши Британија со намалување на рејтингот

    Fitch ја заплаши Британија со намалување на рејтингот

    Рејтинг агенцијата „Fitch“ ја заплаши Британија со пад на нејзиниот кредитен рејтинг во случајот на „hard Brexit“. Излезот од ЕУ без договор може сериозно да…

  • Сугарески побара турски инвестиции за инфраструктурните проекти во Северна Македонија

    Сугарески побара турски инвестиции за инфраструктурните проекти во Северна Македонија

    Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари работна средба со претставници на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО). Како што информираат од надлежното министерство, во рамките…

  • Манчевски: Повисоки плати и поголема заштита за инспекторите

    Манчевски: Повисоки плати и поголема заштита за инспекторите

    Повисоки плати, поголема заштита за инспекторите со законот за инспекциски надзор, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. „Очекуваме позитивно да влијае врз…

  • Поради недостиг цената на паладиумот се зголеми на рекордни 1.500 долари

    Поради недостиг цената на паладиумот се зголеми на рекордни 1.500 долари

    Паладиумот се искачи на ниво над 1.500 долари за унца, достигнувајќи рекордни вредности поради недоволните резерви, соопштува „Bloomberg“. Ова се случува во услови на обидите…

  • Курц: Австрија ќе продолжи со поддршката за „Северен тек 2“ и покрај противењето на САД

    Курц: Австрија ќе продолжи со поддршката за „Северен тек 2“ и покрај противењето на САД

    Австрија е заинтересирана за сигурно снабдување со енергија и ќе продолжи со промовирање на рускиот проектот за гасоводот „Северен тек 2“ и покрај негативниот став…

  • Путин: Русија мора да направи сопствен интернет

    Путин: Русија мора да направи сопствен интернет

    Русија мора да создаде сопствени самостојни делови од интернетот во случај Западот да го блокира пристапот до глобалната мрежа, рече рускиот претседател Владимир Путин, а…

  • Компаративна анализа на телекомуникацискиот пазар во Македонија во сегментот на фиксни и мобилни услуги

    Компаративна анализа на телекомуникацискиот пазар во Македонија во сегментот на фиксни и мобилни услуги

    Институтот за развој на електронските комуникации ИНРЕКОМ Скопје изврши компарација и даде краток осврт врз можните идни промени во однос на понудата и цената на…

  • Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец

    Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец

    Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи…

  • Од полноќ македонските граѓани во Грција влегуваат само со пасош

    Од полноќ македонските граѓани во Грција влегуваат само со пасош

    Белите ливчиња на кои до вчера грчките гранични полицајци ни ставаа печати за влез во нивната земја,од синоќа на полноќ заминаа во историја. Официјално од…