4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа само 7 дена, приходите од туризмот во Кина достигнаа 76 милијарди...

За само 7 дена, приходите од туризмот во Кина достигнаа 76 милијарди долари

Приходите на туристичкиот сектор во Кина за седумте дена празнувања за Кинеската нова година (од 4-ти до 10-ти февруари) достигнаа 513,9 милијарди јуани (над 76 милијарди долари), што е зголемување од 8,2 отсто на годишна основа. Ова беше објавено денеска од Кинеската државна телевизија, цитирана од „ТАСС“.

Според медиумот за новогодишната недела, кинезите направиле преку 415 милиони патувања во земјата, што претставува раст од 7,6 отсто во однос на минатата година. Над 40% од патниците избраа да посетуваат музеи и традиционални туристички атракции.

Кинеската нова година е главен семеен празник во Кина, кој традиционално се дочекува со роднини и пријатели. Општо земено, за време на празничната недела, кинезите патуваат низ земјата или во странство. Меѓу најпопуларните надворешни дестинации оваа година се Јужна Кореја, Тајланд и Јапонија.

Новата календарска година е од 5-ти февруари и ќе трае до 25-ти јануари 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП