Холанѓаните се загрижени дека Амстердам сега е само слаба туристичка замка.
Многу жени кои ги продаваат своите тела, мака мачат за да привлечат клиенти кои сакаат да платат, бидејќи на нивните излози туристите доаѓаат да направат селфи и ги интересира само бесплатно да направат фотографија, наместо да платат за секс.
Градоначалникот на холандскиот главен град се обидува да најде решение. Фемке Халсема ќе објави серија мерки за да им помогне на сексуалните работници да се тргнат од објективот на камерите, објави ББС.
Младите жени се обидуваат да ги скријат лицата додека туристите мавтаат со паметни телефони. Многу од нив водат таен живот. Ако нивните фотографии се појават на социјалните мрежи, би можеле нивните семејства да се откажат од нив.
Во валканата индустрија на Амстердам, проститутките наплаќаат 100 евра за половина час, 150 на час.
Градоначалникот Халсема ја претстави идејата за издавање дозволи на проститутките за да можат да работат надвор од клаустрофобичната зона на улицата на црвените фенери.
Проституцијата беше легализирана од холандската влада во 2000 година.
Во 2009 година, Министерството за правда објави дека специјалниот јавен обвинител ќе ги затвори излозите за проституција поврзани со организираните криминални синдикати. Сексуалната индустрија сè уште е синоним за насилство, дрога, перење пари и други криминални активности. Јавните куќи со излози често се појавуваат во истрагите за трговијата со луѓе
Се чини дека никој не знае колку точно жени работат во секс индустријата на овој град. Ова се нарекува “темна цифра”.
Според некои истражувања, има 4.000 жени, а според други околу 8.000. Некои велат дека 10 отсто од нив се последица од трговија со луѓе, други велат 90 проценти. Дури и ако е најнискиот процент, тоа значи дека 400 девојки го продаваат своето тело.