Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ЕК за неколку дена треба да почне да користи „Северна Македонија“

Време: 08:50

Датум: февруари 11, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Европската Комисија се подготвува за неколку дена да почне да го користи новото име „Република Северна Македонија“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Откако двете земји го ратификуваа договорот, Европската Комисија чека да завршат сите предвидени процедури помеѓу Скопје и Атина за да влезе во сила употребата на новото име во европските институции. Македонија треба сега да ги извести Обединетите Нации и сите меѓународни и регионални организации дека Преспанскиот договор стапи во сила и да побара од нив да го користат терминот „Северна Македонија“. Според дипломатски извори, ЕК очекува известување од Скопје до среда оваа недела, паралелно со известувањето до ОН.

Меѓутоа, некои работи не се до крај разјаснети, информираат во ЕК, односно нејасно е дали промената на терминот ќе се случи веднаш или дали ќе се чека одлуката на Колеџот на комесари или пак на Советот за надворешни работи на ЕУ, предвиден на 18 февруари, каде во заклучоците би можело да биде усвоена официјално употребата на новото име од страна на министрите за надворешни работи на ЕУ.

И во Советот и во Комисијата се работи на утврдување на процедурите, информираат од овие институции.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Исчезнат е 35 годишниот скопјанец Горан Атанасовски

    Исчезнат е 35 годишниот скопјанец Горан Атанасовски

    Од вчера попладне исчезнат е 35 годишниот Горан Атанасовски од Скопје. Последни информации кои ги има семејството е дека е виден вчера помеѓу 14:00 и…

  • Fitch ја заплаши Британија со намалување на рејтингот

    Fitch ја заплаши Британија со намалување на рејтингот

    Рејтинг агенцијата „Fitch“ ја заплаши Британија со пад на нејзиниот кредитен рејтинг во случајот на „hard Brexit“. Излезот од ЕУ без договор може сериозно да…

  • Сугарески побара турски инвестиции за инфраструктурните проекти во Северна Македонија

    Сугарески побара турски инвестиции за инфраструктурните проекти во Северна Македонија

    Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари работна средба со претставници на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО). Како што информираат од надлежното министерство, во рамките…

  • Манчевски: Повисоки плати и поголема заштита за инспекторите

    Манчевски: Повисоки плати и поголема заштита за инспекторите

    Повисоки плати, поголема заштита за инспекторите со законот за инспекциски надзор, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. „Очекуваме позитивно да влијае врз…

  • Поради недостиг цената на паладиумот се зголеми на рекордни 1.500 долари

    Поради недостиг цената на паладиумот се зголеми на рекордни 1.500 долари

    Паладиумот се искачи на ниво над 1.500 долари за унца, достигнувајќи рекордни вредности поради недоволните резерви, соопштува „Bloomberg“. Ова се случува во услови на обидите…

  • Курц: Австрија ќе продолжи со поддршката за „Северен тек 2“ и покрај противењето на САД

    Курц: Австрија ќе продолжи со поддршката за „Северен тек 2“ и покрај противењето на САД

    Австрија е заинтересирана за сигурно снабдување со енергија и ќе продолжи со промовирање на рускиот проектот за гасоводот „Северен тек 2“ и покрај негативниот став…

  • Путин: Русија мора да направи сопствен интернет

    Путин: Русија мора да направи сопствен интернет

    Русија мора да создаде сопствени самостојни делови од интернетот во случај Западот да го блокира пристапот до глобалната мрежа, рече рускиот претседател Владимир Путин, а…

  • Компаративна анализа на телекомуникацискиот пазар во Македонија во сегментот на фиксни и мобилни услуги

    Компаративна анализа на телекомуникацискиот пазар во Македонија во сегментот на фиксни и мобилни услуги

    Институтот за развој на електронските комуникации ИНРЕКОМ Скопје изврши компарација и даде краток осврт врз можните идни промени во однос на понудата и цената на…

  • Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец

    Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец

    Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи…

  • Од полноќ македонските граѓани во Грција влегуваат само со пасош

    Од полноќ македонските граѓани во Грција влегуваат само со пасош

    Белите ливчиња на кои до вчера грчките гранични полицајци ни ставаа печати за влез во нивната земја,од синоќа на полноќ заминаа во историја. Официјално од…