10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖолтите елеци во Франција продолжуваат со протести

Жолтите елеци во Франција продолжуваат со протести

Граѓанското движење „жолти елеци“ денеска најави собири низ земјата, а акцентот ќе биде ставен на неполитичкиот аспект на движењето по дипломатските тензии настанати со Италија, поради состанокот на потпретседателот Луиџи ди Маја со претседателот на „жолтите елеци“.

Лидерите на движењето, кои се дистанцирале од тој состанок, најавиле и собир во близина на границата со Италија, бидејќи сакаат да им објаснат на италијанските медиуми дека се неполитичко движење и дека не сакаат политичка помош од политичарите, па ни од Италија.

Состанокот меѓу локалниот претставник на движењето, Кристоф Шалансон и Ди Маја, е критикуван внатре во движењеот, а француското министерство за надворешни работи на одредено време го отповика амбасадорот во Рим.

„Жолтите елеци“ за денес најавија протест на авенијата на Елисејската палата во Париз, како и во поголемите градови, Бордо, Турлуз, Рен и Лион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП