26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија вработува 1.700 нови државни службеници поради брегзит

Шпанија вработува 1.700 нови државни службеници поради брегзит

Шпанија ангажира над 1.700 нови државни службеници за да се справи со ефектите од брегзит, објави „Ројтерс“.

Владата сака повеќето од овие вработени да бидат ангажирани пред датумот за напуштање на 29-ти март, без разлика дали Велика Британија ќе постигне задоволувачки договор со Европската унија за излегувањето.

Властите планираат да вработат повеќе работници на аеродромите и пристаништата, а исто така да обезбедат помош на околу 300.000 Британци кои живеат во Шпанија, вклучувајќи и многу пензионери.

„Администрацијата и во моментов има можност да се справи со решавањето на односите со Велика Британија, откако таа ќе излезе од ЕУ. Но екипите на државните службеници во некои сектори треба да бидат зајакнати“, се наведува во мислењето на шпанската влада, објавено по последната седница.

Повеќе од 33.000 луѓе живеат во Гибралтар, што е британска територија. Економијата на регионот целосно се потпира на отворената граница со Шпанија. На референдумот за брегзит во 2016-та година огромното мнозинство од гибралтарците гласаа за останување во Европската унија, но и покрај тоа ќе бидат принудени да ја напуштат Заедницата на 29-ти март, ако Лондон и Брисел не се договорат за одложување на постапката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП