26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавена најновата листа на должници на УЈП

Објавена најновата листа на должници на УЈП

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 31.10.2018 и неплатени до 31.01.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници објавени се 2.196 должници – правни лица (повеќе за 62 од претходната листа) и 2.427 физички лица (повеќе за 31 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг изнесува 9.958.252.401 денари, помалку за 163.761.186 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.929.026.709 денари (161 милион евра), додека долгот за царински давачки е 29.225.692 денари (пoмалку за 120.523.439 денари од претходната листа).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП