27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: ЕУ и Британија ќе најдат решение

Меркел: ЕУ и Британија ќе најдат решение

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази оптимизам во врска со изнаоѓањето дипломатско решение за излезот на Британија од Европската унија.

„Верувам дека може да се најде решение без повторно отварање на договорот за повлекување“, изјави Меркел пред Вишеградската лидерска средба во Братислава.

Меркел посочи дека повторните преговори за нов Брегзит договор, кој претходно беше одобрен од Брисел и Лондон, не е на агендата.

Британската премиерка Тереза Меј ќе замине во посета на Брисел в четврток каде треба да ја придобие ЕУ за „алтернативни решенија“ во врска со договорот помеѓу Ирска и Британија во рамките на договорот за Брегзит.

Договорот за повлекување од ЕУ кој Меј го склучи беше отфрлен од мнозинството во британскиот парламент, кое бараше Брисел да направи промена во ставката за границите со Ирска.

Датумот кога Британија треба ја напушти ЕУ е 29 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП