12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа две години останала без 20 милијарди евра: Кој ја ограби Русија?

За две години останала без 20 милијарди евра: Кој ја ограби Русија?

perenjeari1

Од 2010 до 2012 година сомнителните компании кои служат за перење пари, од Русија префрлиле најмалку 760 милијарди рубљи, или речиси 20 милијарди евра.

Ова шокантно откритие го соопшти претседателот на Централната бака на Русија Сергеј Игнатијев.

Игнатијев изјави дека во 2012 година постоеле 38,1 милијарди долари сомнителни финансиски операции, една година претходно 33,3 милијарди, а во 2010 година тие изнесувале 25,9 милијарди долари.

За споредба, нето капиталот од Русија во 2012 година изнесувал 54,1 милијарда долари, а една година претходно речиси 80,5 милијарди долари.

Претседателот на Централната банка изјави дека од една третина до една половина од „пренесениот“ капитал има сомнително, криминално потекло.

Во април оваа година Сергеј Игнатијев изјави дека експертите од Централната банка утврдиле дека голем број на противзаконски операции се извршени под контрола на една група, а со помош на таквите операции во 2012 година биле префрлени дури 49 милијарди долари, пренесува агенцијата Франс Прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП